Најдобрата женска репрезентација во фудбал на 23 октомври на гостински терен ќе ги одмери силите со соодветната селекција на Франција.

Шансите за позитивен резултат во Франција се мали, откако настапот за претстојниот натпревар го откажаа двете најдобри фудбалерки, Гентијана Рочи и Наташа Андонова. Двете репрезентативки откажаа поради ограничувањата после излез од Финска односно Шпанија каде двете настапуваат.

Во досегашните шест одиграни натпревари, избраничките на Кирил Изов имаат остварено една победа над Казахстан, додека претрпеа пет порази од Србија, Австрија, Франција.

До крајот од квалификациите, нашата женска репрезентација покрај натпреварот со Франција ја очекува и меч на гостински терен против Казахстан.

Списокот:

Голманки: Панчурова Викторија (ЖФК Тиверија), Лекоска Магдалена (С.Ц. Истатов), Колевска Верица (Деспина);

Одбрана: Велеска Даниела (Деспина), Јулија Живиќ (Љуботен), Маја Ангеловска (НК Крим, Словенија), Николовска Павлинка (Каменица Саса), Коларовска Сара (Скопје 2014), Положани Синдис (АС Јунајтед), Бошеска Ане (Тиверија), Јошеска Христина (Каменица Саса);

Среден ред: Дервиши Рабија (Каменица Саса), Ристовска Александра (Тиверија), Трајковска Романа (Рапресвил, Швајцарија), Милеска Катерина (Деспина), Мустафа Хава (Шкендија), Шемсовиќ Елма (Скопје 2014), Максути Улза (АС Јунајтед), Чубриноска Јана (Деспина);

Напад: Нацева Марјана (Каменица Саса), Димоска Теодора (Тиверија), Афродита Салихи (Скопје 2014)

OhridNews