На петти и шести јули во Охрид ќе се одржи Генерално собрание на кое ќе се крои женската ракометна регионална лига.

Главен иницијатор за регионална лига е македонскиот ракометен првак Вардар СЦБТ, а покрај „црвено црните“ во неа ќе учествуваат Ѓер, Хипо, Крим, Баја маре, Брашов, Подравка, Локомотива, Будуќност и Металург.

– Ќе организираме Генерално собрание на 5 и 6 јули, во Охрид и на него ќе имаме една официјална презентација на целиот проект за новата регионална лига. Поканети ќе бидат сите клубови со кои и досега контактиравме и таму сите ќе имаат шанса и формално да го потврдат своето учество во неа – истакна Билјана Црвенкоска, а пренесува Спортмедиа.

Нова женска регионална лига ќе наликува на СЕХА лигата каде се натпреваруваат машките тимови на Вардар и Металург.

Мх.П.