Женската екипа на „Охрид трчаТ“ се закити со бронзен медал и обезбеди пласман помеѓу најдобрите на Атлетската манифестација „Трчај бе“, која вчера претпладне по втор пат се одржа на градските улици во Битола.
Екипата на Охрид трчаТ составена од Ана Крстаноска, Маја Цветкоска, Гордана А. Попооска и Менче Јованоска имаше трето најдобро време на тим-билдинг трката 10 километри Првопласиран заврши тимот на Korrunners, додека втор финишираше NRC-Nike+Run Club.
На 10-километарска трка кај машките победи Дарио Ивановски со време (30.50), втор беше Атанас Анчевски (33.31), а трет Кокан Ајановски (33.57). Кај девојките првото место и припадна на Андријана Поп Арсова (37.17), а потоа следува Билјана Кираџиева (37.55) односно Миљана Ристиќ (39.06)
На 5-километарски трки триумфираа охриѓаните Кристијан и Бојана Наумоски.
На двете трки на „Трчај бе“ во Битола учествуваа вкупно 570 напреварувачи. На 10 километри на стартот се појавија 320 учесници, додека на 5 километри стартуваа 250 учесници.
OhridNews