Македонската женска А репрезентација убедливо е поразена од Франција на гостински терен во квалификациите за Европското првенство. СилнатаФранција славеше со високи 11:0 (5:0).
Нашите фудбалерки по добриот почетокво квалификациите и победата над Казахстан (4-1), во француски Орлеан го запишаа четвртиот пораз во низа, а втор од фаворизираната Франција.
Французинките од својот прв напад стигнаа до водство од 1:0. Резултатот го отвори Гoвин, а само четири минути подоцна Ле Сомер зголеми на 2:0. Истата фудбалерка во 21. минута погоди за 3:0, додека до крајот на првиот дел нашата мрежа ја затресоа уште Де Алмеида и Диани (5-0).
Ништо не се промени ниту во вторите 45 минути. Франција продолжи со доминацијата и уште шестпати ја затресе нашата мрежа за конечна победа од 11:0.
До крајот од квалификациите, нашата женска репрезентација ја очекува уште еден натпревар против Казахстан на гостински терен.
OhridNews