Зоолошката градина Санај Ганди во Индија добила принова која ги воодушевила сите запослени.
Хартали, женката нилски коњ, окотила младенче со што во оваа зоолошка градина популацијата на овие животни се искачила на 12. Раководителот на зоолошката градина изјавил дека мајката и младенчето се одлични со здравјето.


Ова е дури шесто младенче на Хартали, и сите ги окозила во зоолошката градина. За да биде овој куриозитет уште поголем се наведува и фактот што и самата Хартали се родила во истата зоолошка градина.