Историчарката Џејн Пејтон изјавила дека жените го направиле пивото, и дека илјадници години само нив им бил дозволен пристап до пивниците како и консумирање на пивото. Иако денес по правило пивото се поистоветува со мажите, до пред 200 години овој пијалок бил сметан за храна, и затоа бил по надлежност на жените.


Пред околу 7000 години во државата Самер, во Месопотамија, способностите на жените за правење пиво биле толку важни, што единствено само нив им било дозволено да го приготвуваат овој пијалок. До која мера пивото се поистоветувало со женскиот род говори и податокот дека во секое античко друштво пивото се сметало за дар на божиците, а не боговите. Помеѓу осмиот и деветтиот век Викинзите пустошеле низ Европа, а тоа воглавно го правеле под дејство на пивото, кое го правеле жените, бидејќи во нордиската култура таа улога им била доделена токму нив.