Женскиот центар „Бисера“ во соработка со Македонското женско лоби денеска во Охрид ќе организираат средба на граѓаните со кандидатките за пратенички од политичките партии.
   
Ќе се разговара за Кодексот на фер избори, а акцент ќе се стави врз делот кој се однесува на родовите односи. Присутните ќе имаат можност  да им поставуваат и прашања на политичарките.
   
Средбата ќе се одржи во Центарот за култура „ Григор Прличев“, со почеток во 18 часот и е дел од Кампањата „Можеме и мораме-фер избори 2008“.

Ohridnews