Британската јавност смета дека жените постари од 39 години не би требало да носат бикини, покажала една анкета на сајтот „Isme.com.“ Како што пренеле медиумите, дури седум од десет британци мислат дека жените постари од од 39 години не би требало да носат бикини на базените. Анкетата спроведена меѓу дамите постари од 50 години покажала дека 60 проценти од нив, меѓутоа, сметаат дека жените треба да продолжат да носат бикини.
Меѓутоа, дури околу 16,8 проценти од тие испитаници рекле дека планираат да купат бикини, додека 13,2 проценти истакнале дека не им се допаѓа идејата да ги пробаат во кабините на бутиците. Само 9,8 проценти од дамите се доволно сигурни во себе да зборуваат со младите продавачи за купување бикини, додека 42,7 проценти од жените тврдат дека постоечките модели откриваат премногу и дека не стојат како што треба.