Огледалото е многу добар пријател на жената, може да се заклучи според истражување спроведено врз две илјади возрасни и 200 тинејџери постари од 16 години.
Имено, во случај секогаш да се жалите дека денот би требало да биде двојно поголем и дека немате време за ништо, размислите за ова – резултатите од истражувањето покажале дека просечна жена дневно пред огледало поминува дури 55 минути.
Кога таа импозантна количина на време ќе се помножи со бројот на денови во годината, добиваме неверојатна бројка од цели две недели кои жените ги поминуваат шминкајќи се и местејќи ја фризурата пред огледало.
Преведено во часови, 355 часа годишно и не изгледа толку многу, но мажите пред огледало се задржуваат стотина часа помалку, што значи стотина часа повеќе време за други активности.
Проблемот е, веруваат истражувачите, во медиумската слика за убавината која се промовира, па без оглед на количината на потрошено време, дури 60% од жените и 78% од тинејџерките не се задоволни од својот изглед.
Од мажите пак, 36% изјавиле дека не се задоволни.
Жените се воглавно незадоволни кога веќе родиле деца, а критичните точки кои ги наведуваат двата пола се тенката коса, големиот стомак и проблематичната кожа.
извор:metro-portal.hr