За многу жени кои сонуваат за брачна идила, помислата на развод е вистински кошмар. Но некои ќе најдат утеха во фактот дека иако нивниот брак ќе заврши, шансите се на нивна страна и дека разделбата полесно ќе ја преболат од своите партнери.

Поголем број од жените се значајно посреќни пет години по разводот, покажало едно ново истражување. Иако и нивните поранешни сопрузи се чувствуваат нешто посреќно по разводот, тој процент е помал, па дури и тоа може да се нарече олеснување, а не среќа. Научниците кои ја спровеле студијата веруваат дека причина за ваквиот контраст е предизвикана од разликите на машкиот и женскиот пристап кон животните промени. Тие го проучувале физиолошкоот процес адаптација како би измериле колку добро луѓето се прилагодуваат кон различните животни промени во период од 20 години.


Велат дека резултатите биле многу значајни, и покрај фактот што разводот може да остави многу негативни финансиски последици врз жените. Професорот Георгелис смета дека резултатите ќе ги охрабрат жените да излезат од несреќните заедници и да го искористат животот до максимум. Во студијата учествувале 10 илјади британци на возраст од 16 до 60 години кои редовно биле проверувани за степенот на среќа кои го чувствуваат пред и после пресвртите во животот. Кога станува збор за другите промени, интересно е дека луѓето од обата пола полесно закрепнуваат од губењето на саканата личност отколку од губењето на работата. Мажите посебно тешко го поднесуваат губењето на работата, што може да влијае на нивната среќа и до пет години по случувањето.