На 700 свои паркинзи, британската компанија „NCP“ еден месец снимала 2500 возачи при паркирањето, а резултатите покажале дека жените полесно пронаоѓаат паркинг место бидејќи возат побавно од мажите, кои додека брзаат често се случува да ги пропуштат празните места. Со возење наназад, како што пропишуваат автошколите, паркираат 39 проценти од жените и само 28 проценти од мажите. Освен тоа точно на паркинг местото се паркираат 52 проценти од жените, додека кај мажите тоа го прават само една четвртина од нив.

Мажите се подобри само кога е во прашање брзината. Ним просечно им се потребни 16 секунди да паркираат, а на жените 21. Неил Бисон, инструкторот за возење кој ги обработил резултатите, бил прилично изненаден од нив, бидејќи тврдел дека мажите се многу подобри во автошколите, но морал да признае дека жените очигледно подобро ги научиле лекциите. Студијата го срушила митот за подоброто снаоѓање на мажите во просторот.