Едно неодамна спроведено британско истражување покажало дека жените почнуваат да се претвораат во своите мајки кога ќе наполнат 31 година, баш колку што има и Кејт Мидлтон. Анкетата открила дека жените во своето однесување и по своите вкусови се повеќе личан на своите мајки кога ќе зачекорат во четвртата деценија, а главна причина за овој пресврт е раѓањето на првото дете. Повеќе од половина од испитаниците рекле дека престанале да се спротиствауваат на своите мајки и започнале да се однесуваат како нив по триесеттата. Се чини дека клучна година за почеток на овие промени и 31.

51 процент од 1000 испитаници кои биле опфатени со истражувањето, ја навеле мајката како жена на која најмногу се огледале во животот. На второто место се нашле сестрите, на третото бабите, а на четвртото другарките. Повеќе од тертина од нив рекле дека се зближиле со своите мајки по раѓањето на првото дете. Дека жените се повеќе личат на своите мајки кога ќе наполнат 31 година покажува и податокот дека тогаш почнуваат да уживаат во истите тв емисии и серии, дека имаат исто хоби, дека користат исти изреки и дека ги привлекуваат исти тип мажи. Истражувањето било нарачано од компанијата „Dotty Bingo“ откако претходно со анкета било утврдено дека 80 проценти од жените кои играат бинго ова хоби го наследиле од своите мајки, баби или други женски роднини.