Се повеќе жени денес се осврнуваат кон други жени, отколку кон згодни мажи на улица, а она што најчесто ги интересира е како конкуренцијата е облечена, колку целулит има, каква фризура носи и слично. Анкетата која ја спровела една компанија за производство на костуми за капење сведочи дека жените на другите жени проценуваат апсолутно се, од глава до пети и тоа само во рок од неколку секунди. Половина од 2000 анкетирани жени признале дека уживаат во споредбите со своите колешки, другарки или жените кои ги среќаваат на улица. 8о проценти од жените признале и дека со ова хоби најчесто се занимаваат на плажа, и гледаат дали другите имаат силикони, целулит и слично.
Интересна информација е и тоа што една третина од анкетираните истакнала дека почесто се инпресионирани со изгледот на телото на некои други жени, отколку со градбта и изгледот на некој маж. Една од десет жени сака подобро да изгледа од конкуренцијата, а половина рекле дека често даваат комплименти на непознати жени, воглавно фалејќи ја нивната облека.