Ново истражување спороведено од компанијата “Debenhams” открива дека кога просечната жена оди на одмор облекува само третина од облеката која ја носи во своите куфери.
Иако за одмор од четиринаесет дена повеќе од доволно се 57 парчиња облека дури 80% од 1000 испитанички кои учествувале во овој експеримент понеле три пати повеќе од потребното.
Интересен е фактот што по враќањето во куферите на испитаничките во просек имало уште 15 парчиња облека кои ги купиле додека биле на одмор.