Жените обожаваат чевли и радо ги купуваат, но на крај не ги носат 50% од паровите кои ги имаат во плакарот, покажува едно британско истражување. Британките во просек имаат по 20 пара чевли, а носат само 8 модели додека преостанатите го чекаат „вистинскиот момент“ кој често никогаш и не доаѓа.
Резултатите од истражувањето воедно покажуваат дека жените се многу ирационални кога купуваат чевли. Во плакарот може да се најдат и преголеми, односно премали чевли “кои одлично изгледаат“. На жените им се проблем и модните трендови па бројни модели во плакарот чекаат нов моден циклус.