Многу жени велат дека мажи пониски од 180 сантиметри не би имале шанса кај нив. Истражувањето било спроведено во Велика Британија, а биле испитани околу 1500 жени. Повеќето од нив рекле дека идеална висина за мажи е помеѓу 180 и 200 сантиметри.

Мажите изјавиле дека идеална висина за жените е од 170 до 177 сантиметри, но дека не би се бунеле и да излегуваат со жена повисока од нив. Испитани биле исто толку мажи, а околу 70 проценти од нив рекле дека се задоволни со својата висина, додека 50 проценти рекле дека мислат како висината не е пресудна за привлечноста.