Женскиот центар „Бисера“ вечер од 20 часот во хотелот „Ројал“  ќе организира новогодишна хуманитарна забава.

Во рамките на забавата, на аукција ќе се продаваат производи направени од охридските пекари.

Средствата што ќе бидат собрани од производите, како и од билетите кои се продаваат по цена од 450 денари, ќе бидат искористени за новогодишни пакетчиња наменети за децата во охридските болници.

Овој хуман гест е редовна практика на женскиот центар „Бисера“.

Ohridnews