Дека статистиката е немилосрдна покажало и едно ново истражување, според кое 32 проценти од луѓето се во врска со погрешни партнери, потоа дека мажите погодуваат дека жената ги изневерува во половина од случаите, но и дека жените имаат далеку подобра интуиција кога е во прашање неверството на партнерот. Доколку жената се сомнева дека партнерот ја изневерува, во право е во 85 проценти од случаите, открило истражувањето на австралискиот статистичар Џон Краучер. Речиси 68 проценти од мажите мислат дека позади повикот на жената на кафе всушност се крие повикување на секс, а 11 проценти од нив ги прекинале врските поради мачки.

Доколку знаеле се што знаат сега, околу 70 проценти од жените не би се омажиле со сегашните партнери, а само 39 проценти од луѓето веруваат дека се ожениле со својата сродна душа. Жените ги привлекуваат мажи во црвени маици опкружени со жени, додека на мажите попривлечна им е жена која е сама. Кога сакаат да привлечат внимание, дамите ја префрлаат својата коса, ги прекрстуваат нозете и минуваат со прстите на врвот од чашата, но ако седат и ја ставаат чантата зад себе, нешто кријат.