Компанијата Ретриво спровела едно интересно истражување. Имено, жените тврдат дека повеќе ги привлекуваат мажи кои шетаат кучиња, отколку оние кои се шетаат со скапи мобилни телефони. Од друга страна, мажите паѓаат повеќе на скапи телефони отколку жените, односно 50 проценти од мажите се згледуваат во скапите телефони на жените, додека кај жените тој процент изнесува 38.


НА жените поради некоја причина им се привлечни мажи со Блутут апарат на увото, односно 33 проценти од нив тоа го смета за привлечно кај мажите, додека 31 проценти од мажите сакаат да видат Блутут кај жените. Доколку читате книга на клупа во паркот, 30 проценти од жените тоа ќе го сметаат за привлечно. На мажите тоа им е уште попривлечно, бидејќи дури 42 проценти од нив сметаат дека жените кои читаат книга се секси.