Резултатите покажуваат дека во иднина, жените ќе имаат силни срца и ќе бидат во многу подобра здравствена состојба во споредба со сегашните жени. Ваквите резултати од истражувањето на експертите докажуваат дека еволуцијата се уште дејствува врз човечките суштества, како и врз другите живи организми на планетата.
Во истражувањето учествувале повеќе од 2000 жени, на кои биле измерени крвниот притисок, телесната тежина, нивото на холестерол, како и други фактори, променети за време на бременост. Резултатите покажуваат дека пониските жени се склони да имаат повеќе деца. Жената во 2409 година ќе биде за 2 сантиметри пониска и потешка за еден 1 килограм. Таа ќе биде поплодна, а нејзината менопауза, ќе настапува во подоцнежниот период од животот.