Едно ново истражување покажало дека повеќе различни видови бактерии можат да се најдат на рацете на жените отколку на рацете на мажите. Истражувањето, спроведено на американскиот “University of Colorado at Boulder” покажало дека жените имаат поголема густина на бактерии на рацете, а истражувачите веруваат дека тоа би можело да биде поради потењето, лојните жлезди или поради хормонската нерамнотежа.

Исто така како причина се споменува и покиселата кожа на рацете кај мажите, како и почестото употребување на крем кај жените. Коментирајќи го ова откритие, водачот на истражувањето Д-р Ноа Фиерер рекол дека востановената состојба била големо изненадување, најмногу поради поголемата разновидност на бактерии кои биле најдени на рацете на жените.