Жените во текот на еден ден во просек изговараат околу 20 илјади зборови, додека мажите „трошат“ само 7000. Научниците објасниле дека за женската зборливост одговорна е поголемата доза на протеинот “Foxp2” во мозокот. Научниците од универзитетот во Мериленд откриле дека жените имаат поголема доза “Foxp2” во мозокот, протеин познат и како „јазички протеин“.

Поради тоа жените учат да зборуваат многу порано од мажите и дневно изговараат дури 13 илјади зборови повеќе од нив. Експертите до ова сознание дошле испитувајќи машки стаорци, кои испуштаат повеќе звуци од женките. Утврдено било дека тие имаат повисоко ниво на “Foxp2” протеинот, додека кај луѓето ситуацијата меѓу половите е спротивна.