Жените во просек тајната која некој им ја доверил ја чуваат по 32 минути, иако претходно цврсто ветуваат дека ќе го држат јазикот за забите. Едно истражување, кое неодамна било спроведено од козметичка компанија меѓу 3000 дами, покажало дека 85 проценти од жените не се во состојба да ја сочуваат тајната без оглед на тоа колку истата е чувстителна или важна. Најчесто добиените информации ги споделуваат со партнерот, пријателките или мајката.
Половина од испитаниците рекле дека после тоа се чувствуваат полесно, а 13 проценти од нив признале дека тоа го прават на начин да информацијата што поскоро се прошири меѓу луѓето. Близу 40 проценти од жените сметале дека е во ред да поделат тајна од некола блиска личност со непознат човек, но сепак 25 проценти од нив чувствувале грижа на совест што издале нечија доверба. Истражувачите навеле како оваа анкета покажала дека жените навистина се мачат додека се обидуваат да зачуваат нечија тајна. Тие во тоа можат да издржат до половина час, а друштвените мрежи и новата технологија само им ја олеснуваат „работата“.