Во јавниот транспорт во Мексиканскиот град Пуебла беа пуштени во употреба 35 розови такси возила, кои ќе бидат водени од жени, јавува АФП.
    “Ние сакаме да заврши со таа мачо поговорка во кој се наведува дека „една жена на велосипед е постојана закана„ и го заменуваме тоа со уште попривлечна и пријатна дама на воланот, постојана одговорност “, рекол Валентин Менесес, раководител на комуникации транспорт и Секретаријатот.


Освен што ќе бидат водени од жени, такси возилата ќе носат и женски имиња како Марија, Ели, Маргарита или Бланка. Како заштитна мерка колите се опремени со систем за позиционирање (ГПС) и „Паника копчето„, што е поврзано со итниот центар.

Фидан Коминовски
Извор: