Филмот кој стартува со трагичниот настан и скокање од балкон, говори за две жени, една во Париз, другата во Македонија кои силно ги сакаат своите синови единци, за нивната загуба, за силата да изнаоѓаат решенија.
Филмот минатата година беше сниман во Париз и во Македонија, каде како вели Стругар- Митевска две години била во потрага по вистинската шума и време од денот кога би снимала.
Ова е приказна за две различни мајки. Едната, која има потреба самата да се казни по смртта на синот, а другата, која е принудена да го издржи секојдневното казнување за да може да опстане и да ја обезбеди иднината на своето дете. Абрил ја толкува ролјата на непредвидливата Хелена од Париз.
Филмот ќе се прикажува до петок, 4- ти мај.