Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и приведена.

Лицето кое го изврши нападот, сириската државјанка Ахлам Албашир, беше фатена жива. При сослушувањето, таа призна дека била обучена како специјален разузнавач од терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ и дека илегално влегла во Турција преку Африн-Идлиб за да ја спроведе акцијата, соопшти истанбулската полиција.

Од друга страна, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу утрово изјави дека имаат проценка дека наредбата за акција стигнала од Кобане.

Мислиме дека сторителот поминал низ Африн, рече тој утрово.

Албашир наводно наредбата за нападот ја добила од штабот на терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ во Кобане, Сирија. Таа признала дека бомбардирањето го извршила вчера околу 16:20 часот и побегнала.

Во ЕУ и во САД, ПКК има статус на терористичка организација.

Авенијата Истиклал беше цел на терористички напад и во 2016 година, кога бомбаш самоубиец уби четири лица, а рани 39. Турската влада тогаш соопшти дека напаѓачот е поврзан со Исламска држава, но организацијата не презеде одговорност.

OhridNews