Арета Вилсон, жената која го нападнала Леонардо Ди Каприо треба да отслужи казна од две години затвор. Изрекувањето на казната ќе биде на 22 овој месец. Нападот се случил во 2005 година, кога на една забава во Лос Анџелес Арета го нападнала актерот со скршено шише од вино.


При нападот успеала само да му го расече лицето. Точната причина за нападот сеуште не е позната. Арета тврдела дека таа не е виновна за нападот. Пред да биде испорачана на САД живеела во Канада.