Единствениот телефонски повик на кој имал право овој месец, еден британски војник го упатил на погрешна жена. За да биде неволјата уште поголема, тој во говорната порака која била упатена на погрешна жена всушност сакал да ја запроси својата девојка. Но, наместо на неговата Саманта, пораката отишла кај Дајан Потс, чиј број младиот војник го свртел по грешка.


За целата оваа ситуација не би се дознало доколку Дајана, погодена од содржината на пораката, не одлучила да ги повика медиумите за помош, за што побрзо да ја најдат вистинската девојка и да и ја пренесат важната порака од нејзиниот сакан, кој бил на мировна мисија во Авганистан.