Една жена загина, а уште една е тешко повредена во тешка несреќа се случи вечерва околу 20 часот во водите на Охридското Езеро над каналот Студенчишта.

Според првичните неофицијални информации во судир на два глисери, смртно настрадала Ирина Романова  – Муцунска (39) од Скопје, а тешко повредена е Ивана Шапкар(25) од Охрид.

Неофицијално едниот глисер го управувала сега веќе покојната Ирина, зад која на скутер се движел нејзиниот сопруг со синот. Другиот глисер, исто така како што неофицијално се дознава го управувал охриѓанецот Христијан Шапкар во кој се наоѓала и повредената сопруга Ивана.


Засега нема прецизни информации како се случила несреќата. Екипа на СВР Охрид и истражаен судија вршат увид на местото на настанот, по што се очекува полицијата да излезе со официјална информација за трагедијата.


Ohridnews