Жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во Сен Мало, Бретања, Францијa, вложувајќи само 80 евроценти во автоматот изјави директорот на казиното „Бариер“ (Barrière), Франсоа-Стефан Верне.
Таа е почетничка со коцкање и автоматите, и била на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра – што е втор најголем џекпот во ова казино од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30 години.
Жената беше „малку изненадена“… Ја тргнавме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ, изјави директорот на казиното „Бариер“ (Barrière), Франсоа-Стефан Верне.
Во истото казино, во 2011 година, играч освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи.
OhridNews