Медиумите во Јужна Дакота јавуваат дека во декември бил забележан рекорд на ниво на алкохол во крвта од 7,08 промили, и тоа кај една жена. Полицијата во украден автомобил паркиран покрај една улица, ја пронашла Маргарет Енгл, кај која по мерењето на алкохол во крвта биле забележани 7,08 промили.


Тоа е скоро девет пати повеќе од дозволените 0,8 промили. Таа била хоспитализирана и требало на 15 декември да се појави на суд, но тоа не го сторила. Полицијата на 28 декември повторно ја пронашла пијана во паркиран автомобил, по што била одведена во затвор.