Две жени во два одделни случаи во Велгошти и Слатино пријавиле дека биле каснати од кучиња, во едниот случај од куче скитник, во вториот од овчарски кучиња, информираат од СВР Охрид.

На 15.10.2024 во 10.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека 73 годишна жена од охридското село Велгошти на локален пат во селото била касната од куче скитник.

На 15.10.2024 во 15.00 часот, на локален пат во селото Слатино, општина Дебрца, 73 годишна жена од истото село, била нападната и касната од три овчарски кучиња, сопственост на лице од Слатино, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews