Полицијата на Нов Зеланд примила повик од жена која била загрижена дека нејзината пријателка управува со автомобил откако испила лекови за спиење, а освен што вози во сон таа и праќа пораки до сите нејзини пријатели.


Користејќи ја локацијата од нејзиниот телефон жената била пронајдена 320 километри подалеку од својот дом како спие во колата паркирана пред нејзината стара куќа.

Таа немала никакво сеќавање од нештата кои се случиле во изминатите 6 часа, а по инцидентот побарала медицинска помош бидејќи ова и било втор пат да се разбуди во паркирана кола далеку од својот дом откако возела цела ноќ.