Полицијата соопштила дека Џенет Хауард (61) го шетала својот германски овчар кој во еден момент и побегнал над смрзнатиот рибник. Полицијата верува дека Хауард тргнала по него, но под нив се скршил мразот, па несреќната жена и кучето завршиле во вода.


Еден минувач ја слушнал жената како вика и се обидел да и помогне но исто така пропаднал низ мразот.

Меѓутоа, тој успеал да се извлече и да повика помош, но за жената било предоцна. Кучето се извлекло и побегнало дома.