Андреа Кол успеала да ги помине сите проверки на аеродромот во Кардиф, се качила на авион и допатувала до Канарските острови. Сето тоа го направила со погрешен пасош на име на нејзиниот сопруг.


Никој од одговорните не забележал нешто необично. Андреа при тргнувањето од дома, зела погрешен пасош, но тоа го сфатила откако седнала во авионот. Одлучила, откако поминала три проверки, да ќути до крајот на патувањето. Успеала да стигне до Канарските острови без проблем, а од аеродромот во Кардиф и се извиниле поради пропустот.