Шила Пенфолд од Велика Британија на својот одмор во Шпанија уловила сом тежок 95 килограми и влегла во Гинисовата книга на рекорди. таа е полуслепа, а со рибата се борела 30 минути пред да ја извлече на копно. И помогнале нејзиниот сопруг Алан и синот Артур. Сомот од 95 килограми е најголемата риба во Шпанија уловена од жена.
Вели дека кога рибата се закачила за јадицата за малку не ја повлекла во водата. Мислела дека не станува збор за толку голем улов. Сопругот и рекол дека рибата е огромна, а таа тоа го сватила дури кога ја извлекла на брегот. Откако се фотографирала со неа, ја вратила назад во водата.