Една бразилка загинала во сообраќајна несреќа откако во главата ја удрил ковчегот во кој се наоѓале посмртните останки на нејзиниот сопруг.
Марцијана Сива Барцелос (67) се возела во мртовечката кола на пат за гробиштата каде што требала да го закопа својот сопруг, 76-годишниот Џосиа Силвеир Коимбру, кој умрел еден ден претходно од срцев удар.
Мртовечката кола се судрила со друго возило, а ковчегот силно удрил во главата на Барцелос која седела на предното седиште.
Несреќата се случила 110 км јужно од Порто Алегро на југ од Бразил.