Возило удри во жена пешак на булеварот “Туристичка”.

Во сообраќајната несреќа што се случи вечерва нешто после 21 часот, жена пешак  се здобила со тешки телесни повреди констатирани во специјализираната болница “Св. Еразмо”, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на несреќата увид изврши сообраќајната полиција, а истрагата треба да ги утврди причините за незгодата.

OhridNews