На патот од село Трпејца до село Стење, вчера, во 13 часот, 48-годишна жена која возела велосипед од Република Полска изгубила контрола и паднала на коловозот. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.