За поголемиот дел од нас излегувањето од дома е едноставна работа која трае неколку секунди, но за колумбијката Клементина Риос, тешка 222 килограми, излегувањето од куќата траело нешто повеќе од четири часа.

За да ја извадат 70-годишната Клементина од куќата и да ја пренесат во болница, пожарникарите користеле пили и бургии  и притоа срушиле два ѕида и една врата.

Прво направивме премин кој го искористивме за поминување на транспортната носилка која подоцна ја прикачивме за вилушкар. Тој госпоѓата Клементина ја одвезе на главниот пат и ја префрли на пожарникарска кола“ изјавил командирот на пожарникарите.

„Пожарникарите тоа добро го изведоа. Сите беа многу љубезни“ изјавила ќерката на Клементина, Рут Бланко. Клементина морала да оди во болница на третман поради проблеми со бубрезите.

Ј.М.