Крис Волтон од Лас Вегас 18 години ги негувала своите нокти, што и се исплатило оваа седмица кога успеала да влезе во Гинисовата книга на рекорди како жена со најдолги нокти на светот. Ноктите на нејзината лева рака биле долги 3,1 метар, а на десната 2,92 метри. Таа изјавила дека самата се грижи за своите нокти и дека со нив може да ги извршува сите домашни обврски.
Таа покрај тоа што се грижи за своето семејство работи и на својата пејачка кариера. Претходниот рекорд го држела Ли Редмонд од Солт Лејк Сити чии нокти биле долги вкупно 8,5 метри. Своите нокти ги изгубила во сообраќајна несреќа во 2009 година.