Жена опседната со чевли го срушила сопствениот рекорд и сега има точно 16,400 пара.
Дарлин Флин живее во мал град во Калифорнија, а започнала да собира чевли по разводот од нејзиниот сопруг во 2001 година. До 2006 година имала 7,765 пара со што влегла во Гинисовата Книга на Рекорди. По шест години го собори сопствениот рекорд и сега има 16,400 пара чевли.
Позната како “кралица на чевлите”, Флин собира се што е поврзано со чевли, од намештај па до ќерамика и козметика.
Меѓу највредните примероци во нејзината колекција спаѓаат стаклените чевли од филмот “Пепелашка”, потоа црвените чевли од девојчето од филмот “Волшебникот од Оз” како и чевли од Бети Буп и Барби.
Дарлин изјави дека сонува да отвори свој музеј, а вредноста на колекцијата се проценува на околку $500,000 долари.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com