Јаци Даленберг, 56-годишна жена од Охајо, родила тројка на која воедно им е и баба. Даленберг била сурогат мајка на својата ќерка и нејзиниот сопруг.
Двата еднојајчани близнаци и нивната сестра се родени со царски рез во Кливленд Клиниката. Со оглед на тоа дека бебињата дошле на свет два месеци порано, и тежеле по 1 кг сеуште се на болница.
Од болницата јавуваат дека и децата и мајката, односно бабата, се добро.
Јаци Даленберг прифатила да биде сурогат мајка на својата ќерка и зетот, бидејќи не можеле да имаат свои деца, па планирале да посвојат. Парот користел „ин витро“ оплодување.