Една жена од Бразил пронашла презерватив во конзерва со сос од домати, соопштиле медиумите. Жената, која живее во државата Рио Гранде до Сул, ставала во сосот ќофтиња, и дури по завршувањето на оброкот на дното од конзервата го забележала презервативот.
Таа добила 5000 долари оштета откако судот и наложил на компанијата која го прави овој сос да и плати морален надоместок. Судијата изјавил дека тоа што го пронашле во конзервата го загрозило целото семејство. Од компанијата која го прозиведува сосот рекле дека производството и пакувањето на конзервата се автоматизирани.