Холанѓанката Маргарет Далманс опседната со голтање лажици и вилушки била приморана да оди на операција откако проголтала цел прибор за ручање. Хирурзите во Ротердам извадиле од нејзиниот стомак 78 лажици, вилушки и ножеви откако таа дошла во болницата желејќи се на болки во стомакот. Рендген снимката утврдила дека во нејзиниот желудник се наоѓаат десетици парчиња од прибор за ручање.


Лекарите изјавиле дека таа пати од некаква врста опсесија и секогаш кога ќе седне да јаде ја игнорира храната и го јаде приборот. На лекарите им одговорила дека не знае зошто го прави тоа и дека едноставно добивала таков нагон. Лекарите утврдиле дека не е прв пат да се најде во болница поради слични проблеми.