Една жена во Австрија одбила да предаде 400 евра кои ги подигнала од банкомат на еден крадец кој и се заканувал со нож, но кога го спуштил оружјето, ја соблекол маската и рекол дека е без дом и пари, му дала 90 евра.


Како што пренесуваат агенциите, сопругот на жената немал толку големо разбирање и за целиот инцидент ја известил полицијата. Крадецот бил уапсен во вторникот во гратчето Нојнкирхен јужно од главниот град Виена.