Една 30-годишна Саудијка од градот Џеда, откако открила дека нејзиниот сопруг во својот мобилен телефон ја регистрирал по озлогласениот американски затвор во Куба, Гвантанамо, поднела барање за развод.

Жената била бесна откако го побарала својот сопруг на мобилниот телефон, кој го оставил дома и во рубриката за пропуштени повици го прочитала името Гвантанамо. Таа побарала развод, поради како што наведува, непромислениот потег на нејзиниот маж.

Ф.К.