Кореанката Ким Сун (54), пеела во еден караоке бар во Северен Сеул, 76 часа без прекин и така го соборила гинисовиот рекорд во оваа категорија.

Ким вели дека имала посебна причина поради која тргнала во соборување на рекордот, за кој и биле потребни 76 часа, 7 минути и една секунда. Таа почнала да пее во четврток, а завршила во сабота на пладне, испевајќи 1.200 песни.

После секоја песна имала пауза од 30 секунди, а на секој час по 5 минути. За време на својот настап јадела исклучиво овошје и пиела вода измешана со мед.

Кој знае уште колку ќе траела нејзината претстава да не ја прекинеле организаторите и нејзините роднини, загрижени за нејзиното здравје. По поставувањето на рекордот Ким им замерила на организаторите од Гинисовата книга на рекорди затоа што ја прекинале, изјавувајќи дека можела да продолжи со пеењето.

На прашањето, која била причината поради која толку долго пеела, Ким одговорила дека на тој начин сакала да го тестира својот дух за време на економската криза.