Жена осудена за убиство на својот двегодишен внук станала проблем на властите во Тексас бидејќи поради нејзината тежина од речиси половина тон не можат да ја пуштат на извршување на затворската казна.

Мајра Лизбет Росалес од Тексас е прикована за креветот, тежи 454 кг и поради преголемата тежина не може да помине низ вратата на својата куќа.


Судот веќе одлучил дека нема да може да го избегне издржувањето на казната за убиство на својот внук Елис Гонзалес. Детето починало додека го чувала Мајра, а кобни биле два удари во главата.

Таа повредите ги објаснила велејќи дека несакајќи паднала и со десната рака ја зафатила главата на детето во падот и го турнала на земја. Обдукцијата покажала дека повредите се предизвикани од тешка траума на главата.