Мексиканка тврди дека се борела и избркала лав тежок околу 220 килограми со нож. Келса Алеман јавала на магаре со седумгодишна роднина покрај Акапулко кога лавот почнал да го напаѓа магарето.


Од страв дека ќе ја нападне нејзината роднина, собрала храброст и почнала да го удира лавот со нож се додека не побегнал. Храбрата 35 годиншна жена и девојчето поминале неповредени.

Лавот побегнал од приватен зоолошки парк во сопственост на локален конгресмен. Убил две кучиња и свиња пред да го успијат и вратат во зоолошкиот парк.